News

Наслов на активноста: (4 – 6г.) Музичка приказна “Патувањето на малата Капка”

Цели на активноста:

-детето да се изнесува на впечатоците од слушаната музика  преку движење, говор, цртеж…
-да го разликуваат карактерот на музиката, темпото и динамиката
-да се оспособи за опсервација, слушање и имагинација, според доживувањата низ музичките активности
-да се оспособи за истражување и споредување на различни звуци, шумови
-да се поттикне кон препознавање и разликување  на различни видови на музички израз

Тек на активноста:

На почетокот на активноста, ќе разговарате за промените на времето – што забележуваат додека се надвор, што се случува со околината, дрвјата, растенијата, небото, сонцето, температурата. Дали им е постудено, зошто и каква облека носат..

На децата ќе им покажете од метео појавите, истите ќе им ги посочите, именувате и ќе слушнете една музичка приказна.

=Патувањето на малата капка=

Во големото море со родителите и братчињата, си живеела една мала весела капка вода. Еден ден на неа падна сончевиот зрак и ја привлече кон сонцето. Капката одеднаш стана прозирна и стана невидлива. Сонцето и се насмевна и и рече: Запамети што ќе ти речам. Ти повеќе не се викаш капка. Сега твоето име е поинакво – водена пареа.

“Водена пареа” сакаше да рече малата капка, но во тој момент дувна ветерот и ја претвори во мал облак.

(Имитирајте дување ветер – тоа е добро за вашето дете, се вежба дишење)

“Ветерот и рече”: Пази добро. Веќе не се викаш водена пареа, туку се викаш облак.

Кој ќе го запамети сето тоа – се лутела капката. Капка, водена пареа, облак….

Ветрот и се смеел и ја носел далеку, далеку над шумата, селата и градовите. Секаде имало деца, кои едвај чекале да падне првиот снег. Затоа и пееле песна за снегулките.

Малиот облак го замоли ветерот: Драго ветре, однеси ме кај баба зима. Ќе ја замолам да им прати на децата снег.

(Повторно може заедно со детето да дувате, да го имитирате дувањето на ветерот).

Ветерот го однел на највисоката планина. Кога стигнале на највисокиот врв, малиот облак ги видел своите родители и братчиња и зачудено извикал: Охо! Што се случило со вас? Цели сте бели! А, ветрето одговорило: Станавте снег!

Капката која сега стана мала снегулка, викна радосно: Ветре, драго ветре однеси не кај децата! Тие пеат и не чекаат нас!

(Го слушате видеото – Снежна бура звучи)

Ветрето некаде исчезна…Снегулките почнаа да се спуштаат на земјата. Ја слушнаа музиката, која ги повика на нежен танц.

(Слушнете го видеото Luigi  Boccherini: Minuetto (classical).

Уморни од играњето, снегулките се спуштија на земјата. Настапи ноќ. Децата отидоа да спијат. Во сон сеуште ја слушаа песната за снегулките.

(Повторно го слушате видеото Luigi Boccherini:Minuetto (classical).

Подготвил: Музички педагог – Златица Кратовалиев