News

Во текот на овој месец, работевме на темата “Човековото тело”, преку која децата се стекнаа со основни знаења за функцијата и значењето на сите витални органи во нашето тело. Темата се покажа мошне интересна за децата која се потрудивме да ја приближиме на нивна возраст. За крај на оваа тема “малите хирурзи”од групата Месечинки беа подготвени да ги “постават на своето место” сите органи во телото и уште еднаш да се потсетат на нивната функција.

Tags