News

Воспитна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста: (4–6г.) Сетило за вид / Како работат очите? – Откривачка игра

Цели на активноста:

  • Поттикнување на љубопитноста за функциите на одделни органи (сетила)
  • Да се подржува на свој начин да ги пренесе своите решенија, мислења, искуства, заклучоци и сл.
  • Да се подржува детето во процесите на учење и откривање

Потребен материјал: книга „Запознајте ги своите сетила“, енциклопедија за човечко тело, слики,  кромид, фломастер, лист хартија, молив.

Тек на активноста

Видот е нашето најважно сетило. А, тоа се нашите очи. Очите се две мали топчиња, добро заштитени во шуплина – очно дно. Видливиот дел е заштитен со проѕирна опна – рожница и малиот црн дел – зеница. Низ неа поминува светлината. Мускулите им овозможуваат на очите да се вртат брзо и во сите правци. Тие ни овозможуваат да видиме се што не опкружува. Гледаме мали и големи нешта: куќи, дрвја, луѓе, цвеќиња, животни…Ги разликуваме боите и забележуваме дали нешто се движи, лета, скока или стои…

Тие прават многу нешта. Затворете ги очите! Отворете ги! Движете ги нагоре, движете ги надолу! Движете ги на едната страна и на другата страна. Намигнете!

Ние гледаме кога нашите очи се отворени. Затвори ги очите. Дали е темно? Отвори ги очите. На нашите очи им е потребна светлина во собата за да гледаат. Е, сега ќе прашате како функционира окото?

Светлината влегува во окото низ црната точка, која што се нарекува зеница. Кога светлината е посилна, зеницата се стеснува и прилега на точкичка. При намалена светлина (или во затемнета просторија) зеницата се шири.

Како гледаме? Окото е како огледало, кога гледате во нешто, сликата се одразува во внатрешноста на вашето око, но свртена е наопаку. Мозокот ја исправа сликата и вие ја гледате како што е во природата.

Очите можат да бидат различни по боја – сини, зелени или костенливи.

Зошто имаме две очи? Обидете се да го затворите фломастерот со едно замижано око. Дали ви беше тешко? Отворете ги очите и обидете се повторно. Дали сега е полесно? Тоа е така, затоа што секое око гледа поинаква слика. Кога го гледате предметот со двете очи, тие слики се слеваат во мозокот.

Некои луѓе не гледаат добро далеку или блиску и затоа носат очила. Очилата служат да се исправат некои грешки во видот. Но, има и такви очила што служат за заштита од сончевата светлина.

Ви предлагам неколку истражувачки игри со вашето дете – како функционираат очите.

Истражувачка игра – Зошто ни солзат очите

Солзи ни течат кога сме тажни…и кога многу се смееме…но, солзите имаат и друга, многу позначајна функција отколку да покажат дали сме тажни или расположени. Всушност, окото постојано лачи солзи, бидејќи тие го штитат, го хранат и го чистат окото.

Истражувачка игра-дупка на раката

Истражувачка игра – гледам-не гледам

Истражувачка игра – блиску или далеку

Цртање на очи – ликовно – истражувачка игра

Поттикнете го детето на лист хартија, самостојно да ги нацрта очите на членовите од вашето семејство и да ги обои.

Исто така со двоглед или лупа, да ги набљудува предметите во околината  и да објасни што забележува.

На крајот слушнете ја и заедно пејте ја песната „Сини очи има Јана” на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=oZVKT8_nlNY&list=RDoZVKT8_nlNY&start_radio=1&t=5

Ви посакувам убава забава и учење со вашите најмили.

На крај една порака:

Очите не можат да се пресадат! 

Очите се незаменливи, затоа чувајте ги добро.

 

Подготвил: Воспитувач: – Љубинка Томовска