News

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активноста: ”Моето чадорче”Ликовно – манипулативни игри

Цели на активноста:

– Оспособување за ликовно истражување
– Поттикнување на детето за работа со колаж
– Развивање на фината моторика на раката, координација око-рака
– Развој на мисловните процеси кај детето
– Да се поттикне интересот за учество во музички активности

Потребен материјал: Лист од блок, хартија во боја, лепак, ножици…

Тек на активноста

На почетокот со вашето дете, започнете разговор за годишното време есен и промените кои ги носи во себе. За есента како најголем сликар, кој ја обојува природата со златно жолта боја. Се околу нас е покриено од жолти, кафени, портокалови и црвени лисја, кои паѓајќи од гранките, како да танцуваат во воздухот и брзаат да им се придружат на паднатите лисја. Времето станува се постудено, сонцето помалку грее и поради таквите услови, облекуваме топла облека.

Разговарајте за облачињата кои ни носат дожд, а потоа поттикнете ги самостојно да одговараат на прашања: Како да се заштитиме кога врне дожд? Каква боја е неговото чадорче?

Потоа предложете му заеднички со ваша помош, да изработи чадорче. За тоа ќе ви бидат потребни: бел лист, хартија во боја, лепак. На белиот лист нацртајте чадорче, детето самостојно нека ја цепи хартијата во различни големини, а потоа нека го лепи чадорчето. На крајот залепете и капки дожд.

Во прилог ви испраќам слики од чадорчиња, изработени во повеќе техники. Оставете избор на вашето дете – да избере кое чадорче сака да го изработи.

Додека работите можете да ја слушате песничката:”Чадорче”од Супер Ѕвезда 1999 год.

Подготвил: Воспитувач – Билјана Андоновска