News

Возрасна група: 3 – 4 години
Наслов на активноста: Просторни односи: горе – долу
Цели на активноста:
– Спознавање на просторот околу себе за правилно движење и ориентација;
– Оспособување на детето да ги разликува различните просторни правци;
– Оспособување на детето да ги определува местата на предметите во однос на себе (горе – долу).

Тек на активноста:
Детето многу рано почнува да ги разликува поимите „горе“ и „долу“. Тоа тргнува секогаш од своето тело. За него главата е горе, а нозете се долу. Лесно ќе констатира дека светилката е горе, а столчето е долу.
Овие термини, детето треба да ги усвојува преку разните барања што ќе му ги поставите. Преку едноставна игра, може да констатирате во колкав степен се сфатени поимите, за да може понатаму да му помогнете во целост да ги усвои.
За децата најинтересни ситуации се кога акциите се поврзани со имитирање на животни, па поттикнете го вашето дете да имитита. Пример: „Симни се долу како маче“, „Скокни горе како зајаче“. „Летни горе како врапче“, „Лази долу како глувче“ и сл.

Многу е важно изговарањето на овие термини во игрите, како при правење на вежби: „Дигни ги рацете горе!“, „Спушти ги рацете долу!“, за подоцна да можете да преминете од вербално барање во само давање знак со рацете, а детето да ги изговара термините „горе – долу“.

Во врска со овие поими, подолу, Ви нудиме песнички и прилози кои би му помогнале на вашето дете во целост да ги усвои:
Ви посакувам пријатна забава.

Подготвил: Воспитувач – Билјана Гавриловска

ПРИЛОГ 1

Разгледајте ги сликите заедно и побарајте од детето да каже што е горе, а што долу?

ПРИЛОГ 2

Детето треба да постапи според барањата на сликите, кои Вие ќе му ги прочитате:

ПРИЛОГ 3

Пејте и танцувајте заедно со вашето дете на следниве песнички: