News

Пред 75 години на ден 13 ноември, градот Скопје го слави неговото ослободување. Токму од тој ден, Скопје пулсира како слободен град и се движи по патеката на својот постојан  развој.

По тој повод, децата од воспитната група од 5 – 6 години од објект Панорама, го одбележаа со  интресни активности. Децата разгледуваа фотографии  и изработија пано од старо и ново Скопје – од Калето,  Старата скопска чаршија, Камениот мост, Зоолошката градина, градскиот парк итн. Со своите вредни рачиња, децата изработија макета на градот Скопје од хартија во шарени бои, а потоа го нацртаа  своето омилено место од градот и со тоа ја искажаа својата љубов и почит кон својот град. На крајот роденденот го прославивме со игри и  песни за градот Скопје.

Tags