News

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активност: Нижење на ѓердан од есенски листови“ – Манипулативна игра

Цели на активноста:

-Поттикнување на креативност кај децата
-Јакнење на ситната мускулатура на дланката и прстите, како и поттикнување координација око-рака
-Поттикнување  на задоволство и гордоост од успешно завршената работа
-​Да се поттикнува љубопитност и истрајност при изведувањето на посложени активности

Потребен материјал: есенски листови од повеќе видови дрвја, помала гранка, лепак, ножички, подебел конец – коноп, хартија…

Тек на активноста

Есента е годишно време  во кое постојано се менуваат временските услови, а исто така изобилува со најразлични бои во природата. Излезете со вашето дете на прошетка во најблискиот парк, каде ќе можете да ја набљудувате природата -дрвјата, тревата, цвеќињата. Насочете го вниманието на вашето дете на жолтите листови на дрвјата и нивните нијанси. Предложете му заедно да соберете некои од паднатите листови, нека бидат од различни дрвја со различни форми и бои -жолти, црвени, портокалови, кафени..Може да соберете и некои плодови како шишарки, мали диви јаболчиња и сл. кои подоцна ќе ги употребите за есенските декорации.

Откако ќе се вратите во домот и убаво ќе ги избришете собраните листови со влажно марамче, поттикнете го детето со помош на подебел конец – коноп, да наниже ѓерданче од насобраните ливчиња. Доколку има потреба, помагајте му додека работи и не заборавајте да го пофалите и да го охрабрите.

Во зависност од вашата жеба и креативност, како и од желбата на вашето  дете, може да направите и есенски украси, односно да ги нанижете ливчињата искомбинирани со шишарки и мали плодови и истите да ги заврзете на една гранката која ја донесовте од прошетката. Тоа може да биде одличен есенски украс за собата на вашето дете.

Доколку сакате, може со сечење и лепење на есенските листови да направите и ликови на некои животни, инсекти или нешто друго по ваша желба. Изборот е ваш. Во прилог ви испраќам неколку идеи. Пријатна забава!

Подготвил: Воспитувач – Анкица Поповска