News

Возрасна група: 4 – 6 год.

Наслов на активноста: Крвоток-мотор на телото – Истражувачка игра

Цели на активноста:
-Проширување на детските знаења за крвотокот кај луѓето и неговата функција
-Збогатување на детскиот речник со нови зборови и објаснување на непознати зборови во текот на реализирање на активноста
Потребен материјал: бел лист, син и црвен конец…

Тек на активноста

Во внатрешноста на коските постои празнина, која е исполнета со материја која се нарекува коскена срж. Таму се раѓаат клетките, кои произведуваат крв (клетки мајки). Во оваа „фабрика“ за крв, клетките мајки комбинираат црвени и бели крвни плочки, кои потоа преку вените и артериите, ќе се пренесат низ целото тело.

За полесно да му го објасните овој процес на вашето дете, можете да нацртате контура на човечко тело и со помош на црвен и син конец да го обележите патот на крвотокот, каде вените ќе ги обележите со син конец (тоа се цевки кои во срцето ја носат онаа крв која ги потрошила кислородот и хранливите материи, а крвта богата со кислород и хранливи материи ја носат до периферијата на телото).

Објаснете му на детето дека овој процес го помага срцето, кое претставува пумпа, која постојано работи и управува со густиот сообраќај на крвта.

Ви предлагам истражувачка игра со вашето дете – како функционира срцето… Слушнете како бие срцето! Ги набљудувате вените, барате пулс и мерите отчукувања на срцето при седење, скокање, танцување…

Ви посакувам убава забава и учење со Вашите деца.

Подготвил: Воспитувач – Александра Ѓоргиева