News

Децата од 4 – 5г. со прошетка во дворот, преку директно набљудување и разговор, се запознаваат со особините на воздухот – дали можат да го видат, допрат, помирисаат, како и за неговото значење – за да бидеме здрави и силни, мораме да дишеме чист воздух, односно кислород.

Продолживме во занимална, каде преку истражувачка игра со балони – се запознаа со особините на воздухот, а преку набљудување на слики – со загадувачите на воздухот.

Заклучивме дека на фабриките треба да се стават филтри, а автомобили помалку да се возат – секогаш кога можат да возат велосипеди и тротинети.

На крајот направивме постер, на кој во горната половина сечевме и лепевме слики со загадувачи на воздухот, а на долната половина лепевме слики со порака – Што треба да правиме за да имаме чист воздух?

Засади дрво! – наша пoрака за чист воздух.

Децата од воспитната група од 5 – 6 год. по повод 03.11 ,,Денот на чист воздух“ , разговараа за важната улога на воздухот како услов за живот, кои се загадувачи на воздухот, што би направиле да го прочистат и како би постапиле да не дојде до загадување. Децата  играа, цртаа и испратија пораки – да се возат велосипеди, ролери, тротинети, да го користиме јавниот превоз почесто, да го фрламе отпадокот во канти за отпадоци. Потоа изработија постер со загаден и чист воздух, експериментираа со свеќа во тегла, поставуваа прашања и донесуваа заклучоци.

На целиот свет му е потребен чист воздух за здрав и убав живот. Затоа сите ние треба да помогнеме и да придонесеме – воздухот да биде чист!

 

Tags