News

НА ЦЕЛИОТ ЖИВ СВЕТ МУ Е ПОТРЕБЕН ЧИСТ ВОЗДУХ!
Секогаш кога вдишуваме, дишеме воздух – мешавина од гасови, кои ја сочинуваат атмосферата, која пак им овозможува живот на луѓето, животните и растенијата.

Со децата од 2 – 6г. од нашиот објект, уживавме во раскошот што ни го нуди есента, сончевите зраци, пријатното топло ветре и чистиот воздух. Низ дворот на нашата градинка, која се наоѓа на падините на планината Водно, одекнуваше детскиот жагор, се радувавме на чистиот воздух кој ни е потребен за да се движиме, размислуваме, играме.

Топлото време им дозволи на децата да забележуваат, откриваат, истражуваат и да стекнуваат знаења и искуства за временските појави и промени во природата во есен. Се поттикна развојот на перцепцијата, мислењето, моторичките вештини и ориентацијата во просторот.

Правевме вежби за дишење, игравме криенка, децата исцртуваа еко пораки со креди во боја, се со цел – да ја разбудиме свеста кај луѓето за важноста на чистиот воздух и здравата животна средина. За задоволството и уживањето да биде целосно, конзумиравме топол планински чај на свеж и чист воздух.

Нашето мото е:   Чист воздух, за подолг живот.

Tags