News

Реализирани активности во септември и октомври – објект Панорама

По повод новонастаната ситуација во справување со пандемијата, децата од објект Панорама, ја проследија видео сликовницата ,,Шумска приказна за корона вирусот“.

Одбележување на Ден без автомобили – 22.09

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден без автомобили –  22.09.2020г. во објект Панорама се реализираа еко – активности, на кој што  децата се запознаа со велосипедот и тротинетот – средства кој не го загадуваат воздухот. Во дворот се возеа и се натпреваруваа со тротинети и изработија еколошки пораки…

26.09 – Ден на чисти планини

26.09 – Денот на ,,Чисти планини“, децата од објект Панорама го одбележија со чистење на дворот, изработка на постер со чисти и нечисти планини, развивајќи ја свеста кај децата за нивната голема улога во животот на планетата Земја.

04.10 – Ден за заштита на животните

Денот за заштита на животните – 04.10.2020г. се одбележа преку разговор и ликовна игра за домашните и дивите животни, ставајќи акцент на кучињата скитници, како да им помогнеме и да се грижиме за нив.

Одбележување на Детската недела

По повод Детската недела беа реализирани активности, преку кои децата се запознаа со нивните права, но и обврски во градинката и домот. Децата твореа на тема “Правата на детето“, изработија постер со детските права и обврски, го проследија едукативниот филм: ,,Час по демократија“, испратија домашна задача за родителите – Колку е одговорно нивното дете и како го учат на одговорност? Децата играа творечки, манипулативни, подвижни и спортски, рекреативни игри во дворот.

11 ти Октомври – Ден на востанието      

По повод Денот на востанието – 11 Октомври, под мото: ,,Црвено – жолти знамиња високо се веат“, децата од воспитната група од 5 – 6 год. преку разговор  и фотографии се запознаа со државните одбележја и македонското знаме. Децата го изработија македонското знаме, ја слушаа државната химна, со што се поттикнуваа нивните  патриотски чувства.

Одбележување на 15.10 – Светскиот ден на чисти раце

Во рамките на одбележувањето на  15.10 – Светскиот ден на чисти раце под мото: ,,Раце миеме – здравје чуваме“,  децата преку реализираните активности, научија што значат чистите раце за нивното здравје. Се развиваа културно-хигиенските навики, подигнувајќи ја свеста за чисти раце, за редовно миење и грижа за здравјето.

Светски ден на борба против гладта – 16.10

Светскиот ден на борба против гладта – 16.10.2020 под мото: “Здрава салата“, воспитните групи од 3 – 6 год во објект Панорама, го одбележаа со креативни ликовни активности, подготовка на свежи салати и игри во двор. Целта на активностите беше, децата да ги прошират знаењата за здрава храна и како правилно да се хранат. Се развиваа културно – хигиенските навики, децата се стекнаа со знаења за здравиот начин на исхрана, како се одгледува здравата храна и правилниот начин на комзумирање на истата.

Сите деца имаат право да се хранат здраво, според Конвенцијата за детските права.

Одбележување на 31.10 – Светски ден на штедење     

Децата од воспитната група од 5-6 години од објект Панорама, го одбележаа Светскиот ден на  штедењето 31.10 под мото: ,,И јас знам да штедам“, со повеќе активности (разговор и искази од децата – Зошто треба да штедат? и кои се предностите од штедењето). Изработија монети со ликовна техника –  сенчање  со молив, штедни касички во вид на желки, со материјал што се рециклира (пластични шишиња, сунѓер и конец). Целта беше, децата да  создадат навики за одговорен однос кон парите, а воедно и да се запознаат со предноста на штедењето.