News

Реализирани активности во септември и октомври – објект Н.Н.Борче

Оваа учебна година ја започнавме во услови на светска пандемија. Сите активности и дејствија во градинката, беа условени од новата ситуација, а тоа подразбираше строго придржување до изготвените протоколи. На патеката пред влезот на градинката, беа одбележани места за растојание, на самиот влез прикачивме едукативни постери со насоки како да се заштитиме од Корона вирусот.

Одбележување на 22 ри Септември – Ден без автомобили

Во рамки на септемвриската тема, децата од средните и големите групи го одбележаа Светскиот ден без автомобили – 22ри Септември, со натпреварувачки полигон во дворот на објектот – со возење велосипеди и тротинети.

Одбележување на Денот за заштита на животните – 04.10

Со децата од средните и големите групи од објект Н.Н.Борче го одбележавме Денот за заштита на животните, преку читање на едукативна сликовница “Андреј и мачето” и практична активност “Куќичка за мачето”. Преку овие активности децата ја сфатија својата обврска, а ја подигнавме и свеста кај нив за хуманоста и грижата кон животните.

Одбележување на 16.10 – Светски ден на борба против гладта

Децата од средните и големите групи од објект Н.Н.Борче, со изработка на постери со вкусни оброци, го одбележаа 16.10 – Денот на борба против гладта. Сите имаме една желба, а тоа е да има храна за сите деца во светот.