News

Реализирани активности во септември и октомври – објект Бели Мугри

Поголемиот дел од денот во месец септември, децата го поминаа во дворот каде што се забавуваа, истражуваа, ги развиваа моторичките вештини,  се оспособуваа за користење на сетилните органи за координација на движењата и ориентација во просторот. За таа цел беа организирани сензорни игри, како што се: „Скокни од лист на лист“, „Оди цик-цак“, „Скокни налево, скокни надесно“, „Брои со полжавчето“, „Броиме до 9“, „Летај како пеперутка“, „Прескокни ги препрeките” и сл.

Одбележување на 8 ми Септември – Роденден на нашата татковина

Роденденот на нашата татковина 8-ми Септември, беше одбележан со разговор за нашата татковина, цртање на македонското знаме и слушање на македонската химна.

Одбележување на 22 ри Септември – Ден без автомобили

На 22-ри септември децата од воспитната група од 5 – 6 год. го одбележаа Светскиот ден без автомобили, со возење тротинет во холот на градинката.  Целта ни беше, да ги мотивираме децата за живот во здрава животна средина, практикување на здрави животни навики, како и поттикнување на еколошка свест уште од најрана возраст.

Одбележување на Детската недела

По повод недела на детето, фокусот го ставаме на детските права, желби, соништа, страсти,…А токму тие, Децата – иницираа право на игра, активности што вклучуваат – движење, скокање, трчање, фрлање, провлекување…..За таа цел се упативме во дворот на нашиот објект, кон сензорните патеки, кои за нив значат среќа, позитивна емоција, позитивна енергија која е ,,заразна’’, а ширењето на истата е одличен начин да ги научиме децата низ игра да им помагаат на другите и да останат позитивни.

Одбележување на Светскиот ден на борба против гладта

Со децата од групата од 4 – 5 години го одбележавме 16ти Октомври со неколку активности:

Имено, најпрво започнаваме  разговор на оваа тема со неколку прашања:

-Што треба да знаеме за храната?

-Каква храна треба да јадеме, за да бидеме  здрави?

Притоа ја користевме пирамидата на исхрана, преку која со разгледување, препознавање, именување  и на крај класифицирање на продуктите на овошје и зеленчук, разговараме со децата која храна треба почесто да се јаде, а која поретко.

Со  децата  дојдовме до заклучок  дека,  здравата храна е храна која е полна со витамини и минерали, кои му даваат доволно енергија на нашето тело и сила за сите активности во текот на целиот ден, како и дека таа има  супермоќи“ – посебно  морковот, брокулата, компирот и сл.

Со децата донесовме заклучок заедно, а тоа е дека акцентот во исхраната и тајната за добро здравје треба да се стави на:

– здравата храна

– конзумирање на што повеќе овошје и зеленчук

– внесувањето на витамини

– пиење многу вода, за да може да ги победиме лошите вируси и да останеме во добро здравје.

На крајот, измиените зеленчуци ги дегустиравме во форма на свежа салата, која децата сами се потрудија да ја направат.

По повод 16ти Октомври, активот на воспитувачи на “Бели Мугри”, подготви и реализира куклена претстава “Здравите плодови во есен“ со цел – поттикнување на здрави навики за конзумирање на разновидна храна, потребна за правилен раст и развој на децата.

 

Одбележување на Светскиот ден на штедењето – 31.10

Штедењето е најповолно средство за планирање на иднината. Штедење како чување, одложување на средствата или пак ограничување на трошоците, е од огромно значење за постигнување на економски или други цели на поединецот, семејството или општеството.
За таа цел со децата од голема група научивме да:
-размислуваат долгорочно;
-да го одберат начинот на штедење;
-да се запознаат со условите на штедење;
-да бидат трпеливи и упорни;
-да штедат со рационално трошење.
За таа цел изработивме импровизирана кутија – каса за штедење, ја украсивме истата и во неа децата ја ставаа својата импровизирана заштеда, која претходно сами ја изработија – нацтраа. А за сумата што ја собравме, склучивме договор за рационално трошење.