News

Возрасна група: 2 – 4 години
Наслов на активноста: Транспорт на зеленчук – Подвижна игра
Цели на активноста:
-Оспособување за контрола на движењата на детето
-Поттикнување на чувството на самодоверба и осознавање на сопствените можности
-Развивање и усовршување на фината моторика
-Препознавање и разликување на овошјето и зеленчукот по нивните основни карактеристики

Потребен материјал: Овошје и зеленчук (пластични или изработени од најразновиден материјал, корпа, песна)

Тек на активноста:
Активноста започнете ја со музика која ќе биде по избор на детето, негова омилена. Со лесни движења направете вежби за истегнување и загревање, кои имаат за цел да го опуштат детето и да го подготват за играта. Се што ви е потребно е една корпа (кофа од коцки, кутија), зеленчук и овошје, кои може да бидат пластични или да ги изработите. Вие заедно со Вашето дете од најразновиден материјал (наједноставна предлог идеја – нацртајте на хартија, обојте и исечете.

Разгледајте ги и именувајте ги овошјето и зеленчукот во корпата. Објаснете му ги на детето правилата на играта и демонстрирајте му ја, т.е од корпата ќе пренесуваат зеленчук, издвојувајќи го од овошјето, до одредено место кое ќе го определите во вашиот дом. Потоа можете наизменично да ги менувате овошјата и зеленчукот, групирајќи ги по боја, форма и на тој начин ќе ги транспортираат до одредено место.

На крајот можете да се наградите со полна чинија вкусни зеленчуци.

Подготвил: Воспитувач – Билјана Пушкин