News

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста: Музика и движење на песничката Златна кралица – Есен / Поточиња 2012

Цели на активноста:

-да се поттикне интересот и љубовата кон танцувањето и креативното изразување преку движењето на телото
-детето да препознава зборови на омилени песни и имитира движења на омилени пејачи, танчери
-да се оспособува да ги усогласи своите движења  со карактерот на музиката
-да го препознава и именува карактерот на музиката (весела,тажна)

Тек на активноста:

Во природата на малите деца е да танцуваат. Тие навистина се одлични танчери.
Креативното движење покрај тоа што е забавно и природно за децата, тоа им помага да научат многу работи.
Преку различни движења и пози, тие учат да одржуваат рамнотежа на телото и да ги координираат деловите од телото.
Децата учат за ритамот преку движењето на телото по тактот на музиката.
Преку движењето по тактот на музиката, децата ја развиваат вештината да предвидуваат што следи, слушајќи  ги рефрените на музиката.
Креативното движење прдставува силна алатка за развивање самодоверба и свесност за сопственото тело.
Многу е лесно да ги поттикнете децата да танцуваат или да ги вклучите во разни форми на креативно движење.
Само движете се заедно со нив, децата обожуваат да танцуваат заедно со своето семејство.
Едноставно пуштете ја песната “Златна кралица – есен” (Поточиња 2012) и уживајте во танцувањето и пеењето со вашето дете.
Песничката ни дава елементи на имитација со движења.
Децата преку движење, може да ја опишат есента и се она што ја придружува и на тој начин да ја претворат во права симболична игра.

Подготвил: Музички педагог – Златица Кратовалиев