News

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста: „Запознавање со годишното време Есен“ – Набљудување во блиската околина

Цели на активноста:

-да се поттикнува детето кон поставување прашања за непознати предмети, настани и активности во моментот на набљудувањето
-да се поддржува детето во изразувањето на различни начини на искажување на сопствените идеи
-да се поддржува детето во истрајноста во процесите на учење и откривање

Потребен материјал: есенски разнобојни лисја, фломастер или маркер, листови од бок, лепило за хартија

Тек на активноста:

Есента е многу убаво, инспиративно, обоено во прекрасни бои годишно време кое кај децата поттикнува безброј прашања на пример – Зошто лисјата на дрвјата ја менуваат бојата? Зошто често врне? Какви се облаците во есен? Тревата веќе не е зелена? Каква облека треба д носиме во есен?- и уште многу, многу прашања.

За вашето дете да ги дознае одговорите на овие прашања ви предлагам да излезете во вашата блиска околина или можеби да прошетате во некој поголем парк каде детето ќе ги воочи промените набљудувајќи ги. Предложете му на детето да собере паднати лисја од различни дрва, а потоа скинете еден зелен лист, споредете и објаснете му го на вашето дете процесот низ кој ја менуваат бојата.

За крај од собраните есенски лисја што ќе ги донесете дома, поттикнете го детето со помош на лепак, фломастер и малку фантазија да создаде уметнички дела.

Подготвил: Воспитувач – Ружица Митровиќ