News

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активноста: Музички јајца – Музичко истражувачка игра

Цели на активноста:

-децата да се оспособат да разликуваат звуци, кои се произведуваат на различен начин
-да се оспособат да разликуваат тивки и силни звуци
-постепено да им се развива интерес, желба и способност за восприемање на музиката и нејзино доживување

Тек на активноста:

За оваа игра, потребни ви се пластични јајца во различни бои. Заедно со децата наполнете ги со различни работи кои ги имате во вашиот дом (шеќер, ориз, грав, монети, монистри).

Залепете го јајцето со леплива трака. Играта може да започне.

Поттикнете ги децата да прават звуци со пластичните јајца.

Прашајте ги дали се сеќаваат што ставиле внатре. Заедно пронајдете го јајцето што прави најсилен и најтивок звук. Пуштете музика која детето ја сака и свирете со инструментите заедно. Кога музиката е тивка, правете потивки звуци, а кога е гласна правете посилни звуци со пластичните јајца.

Повикајте ги членовите на семејствотот и направете оркестар.

Потоа на бел лист хартија, нацртајте кругови во боите на јајцата. Детето нека го пронајде јајцето со иста боја како кругот и нека го стави врз него.

Музичките јајца може децата да ги подарат на своите другарчиња.

Подготвил: Музички педагог – Златица Кратовалиев