News

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активноста: Музика и движење

Цели на активноста:

-преку музика и движење да се оспособат децата да изведуваат движења, а со тоа да го одразуваат карактерот и содржината на музиката
-да го одразуваат карактерот на музиката со ономатопејски движења
-да се употребуваат разновидни движења со телото, рацете и нозете
-чувството за движење кај децата да се развива постепено со примена на различни темпа
-најпрво да се движат на музика со умерено темпо, а потоа во побрзо темпо (со трчање)

Tек на активноста:

Во природата на малите деца е да танцуваат.Тие навистина се добри танчери.
Преку разни движења, тие учат да одржуваат рамнотежа и да координираат одредени делови од телото.
Тие учат за ритамот преку движењето на телото, по тактот на музиката.
Преку движењето по тактот на музиката, децата ја развиваат вештината да предвидуваат што следи, слушајќи ги рефрените на музиката.
Многу е лесно да ги поттикнете децата да танцуваат или да ги вклучите во разни форми на креативно движење.
Само движете се заедно со нив. Децата сакаат да танцуваат заедно со своето семејство.
Едноставно пуштете музика по ваш избор и уживајте во танцувањето и пеењето, заедно со вашето дете.
Во текот на танцувањето, користете и некои алатки за потпирање (стап,бастун) или додатоци (шамии или марами).
Обидете се да го правите тоа заедно со децата, се додека има интерес.

Подготвил: Музички педагог – Златица Кратовалиев