News

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста: Mузичко истражувачка игра Воден ксилофон”

Цели на активноста:

-да се развијат способности за истражување на одредени звуци
-да се поттикнат способности за слушање  според  доживувањата низ музичките активности
-да се развијат способности за користење  различни материјали – алатки, инструменти за искажување на сопствените креативни идеи и чувства

Тек на активноста:

Се што ви треба се 6 – 7 стаклени чаши. Наполнете ги со вода, со различна количина (од најмалку до најмногу).
Тестирајте го звукот на секоја чаша  како што ја полните, за да го добиете звукот што го сакате.
Пробајте неколку пати, за да добиете различен звук. Иако тонот нема да биде точен како кога го свириме на пијано, играта е добар начин на забава.
Потоа додадете боја за храна во секоја чаша, измешајте и ќе ги добиете боите на виножитото.
Инструментот е готов за употреба, но ви треба уште лажица, за да можете да произведете звук.
Креирајте сопствена мелодија или свирете ја нотната скала.
Потоа може и да поддржувате музика по ритам, по избор на децата.
Како за финале – направете оркестар.
Слушајте ја детската песна” Виножито, виножито”, а кога ќе имате можност појдете заедно во природа да го пронајдете виножитото.

Подготвил: Музички педагог – Златица Кратовалиев