News

Возрасна група: 4 – 6 години
Наслов на активноста
: Зошто треба да спортувам? – Разговор
Цели на активноста:
– Рано откривање на спортскиот потенцијал  кај детето;
– Поттикнување на социјалното однесување, јакнење на карактерот, самопочитување и самодоверба;
– Детето да се поттикне кон развивање на координираност помеѓу окото и раката, со користење на различни материјали;
– Негување на чувството на радост и задоволство од постигнатиот резултат;
– Развивање на трпеливост, истрајност и доследност во реализирањето на активноста;

Потребен материјал: вреќи, јаже, препреки, пластични чаши, топка, пластични – дрвени стапчиња, картонска кутија, штипки, ножици, лепак, украсна хартија….

Тек на активноста :

Спортувањето носи најголеми придобивки кај децата, почнувајќи од физичкото и од психолошкото здравје, се до социјалниот аспект од животот.Токму тој – СПОРТОТ, влијае на поттикнување на социјалното однесување, јакнење на карактерот, самопочитување и самодоверба, навики за здраво живеење…Тимскиот спорт пак ги учи на тимска работа, делење, самодисциплина, лидерство, вештина за комуникација, совладување проблем – ситуација, емпатичност, истрајност, спортски карактер, фер плеј, почит кон другите…..Практикувањето на кој било спорт или физичка активност е есенцијално за нивното подобро и правилно растење и развивање. За таа цел Сите заедно имаме одговорност и задача за раното детектирање на спортскиот потенцијал – Зошто ? – Затоа што секое дете има сопствени карактеристики и склоности, кои се препознаваат од најрана возраст. Токму Вие почитувани и Ние, ја имаме таа чест да го разбудиме Спортистот во Вашите и Наши најмили – низ разговор, прашања, слики, енциклопедии, истражување, поттикнување, креирање, насочување, мотивирање, учење, набљудување – ги учиме нашите Најмили да поставуваат цели и да вежбаат.
Согласно моменталната ситуација, мошне е важно да продолжиме да чекориме напред токму затоа во продолжение ќе погледнете серија слики, идеи за креирање на спортски игри во домашни услови, спортско рекреативни активности во вашиот двор, блискиот парк и сл. Со нетрпение ги очекуваме нашите НАЈЈЈмили креативци со фотографии од  креативни активнсти, кои им оставиле впечаток. И да не заборавам, најнапред неопходно е да го подготвиме телото со вежби за загревање и истегнување.

Подготвил: Воспитувач – Јасмина Трпчевска