News

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста:   Спортувам, се движам, за здравјето се грижам“-  Игри без граници спортски игри прилагодени за во двор или природа.

Цели на активноста:

-да се поддржува детето во настојувањето да изведува посложена задача ако покаже интерес за тоа
-да се поттикнува кај детето иницијативност при избор на материјалите за учечките и истражувачките активности
-поттикнување и усовршување на координацијата на локомоторниот систем
-усовршување на способноста за одржување на рамнотежа
-усовршување на око-рака координација
-оспособување на самоконтрола на движењата

Потребен материјал:  вода, чашки, кофички, креди, стоперка, музика, ќеса, сапун, вреќа или навлака за перница.

Овие игри можете да ги играте со децата во двор, во парк, на песок или на некое друго отворено место. Топлите температури се уште дозволуваат игри со вода.

Тек на активноста:

Објаснете им ги правилата на овие игри, кои доколку сакате може и да бидат со  натпреварувачки дух. Имено, децата  доколку се повеќе од едно и доколку и Вие играте со нив, можете да ги поделите  во две групи.

За првата игра  Пожарникари, дајте им на децата кофички или чашки кои ќе бидат полни со вода. Децата се пожарникари и ја носат водата до ,,пожарот,, во кофата за да го изгаснат. За да биде поинтересно играта, вклучете и стоперка за мерење на времето. Или пак со креди, исцртајте ја патеката по која децата треба да се движат и да  ја однесат водата до крајот – пожарот. За поголемите деца, можете да ставите мушама намачкана со вода и сапун низ која треба да поминат и да се излизгаат децата, за да го ,,изгаснат пожарот,,  На крајот од патеката, ставете поголема кофа или сад кој ќе треба децата да го наполнат со водата од чашките, одејќи од стартот до целата и полнејќи вода во чашките повеќе пати. Натпреварот трае додека не се наполни големата кофа или сад со вода. Кофата со најмногу вода или групата која најбрзо ќе ја наполни големата кофа со вода е ,,победник,,

Наместо стоперка,  можете да им ја пуштите омилената музика на децата и играта да трае се додека трае и музиката.

За втората игра Трка со вреќа, потребно Ви е добро расположение и спортски дух. Поделете се во две групи, одредете ги точките старт и цел, најдете поголеми вреќи или навлаки за перница, пикнете се во нив и почнете со скокање! Победникот е тој што е најбрз и прв до целта.

Have fun!

Подготвил: Воспитувач  –  Емилија Савовска