News

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста: Од сапунот, вирусот бега – Истражувачка игра

Цели на активноста:

-Развивање на координираноста помеѓу окото и раката
-Поттикнување на самостојно изведување на истражувачки активности
-Поттикнување и развивање на мисловните процеси (заклучување, помнење, логично поврзување, анализирање).

Потребен материјал: 2 чинии, вода, црн бибер, течен сапун.

Тек на активноста:

Често зборуваме дека нашето најголемо богатство е здравјето.
Но за да бидеме здрави, секојдневно треба да се грижиме за нашето тело.
Треба да внимаваме тоа да биде чисто, а со тоа здраво и силно.

Во последните неколку месеци, сите повторно ја научивме важноста на миење на рацете. Пандемијата на корона вирусот ги натера луѓето да се грижат повеќе за сопствената хигиена. Но да ги принудите децата постојано да ги мијат рацете темелно, некогаш може да биде и тешко. Токму затоа, за да им ја објасниме важноста на миењето раце ќе направиме експеримент со црн бибер и сапун.

Постапката е следна: Во чинија со вода се истура црн бибер за да се демонстрира што е вирус.

Во случајот значи биберот ќе биде вирусот. Детето ќе го натопи прстот во чинијата. Потоа го прашуваме дали нешто се движи во чинијата?

Одговорот ќе биде – не, но малку бибер ќе остане на прстот. Потоа детето ќе го насочите, да го натопи истото прсте во втората чинија каде има течен сапун и кога повторно ќе го врати во чинијата во која има вода и бибер, биберот ќе се оддели од другата страна на чинијата.

Всушност вирусот ( црниот бибер) ќе се оддели од сапунот.

Токму на овој интересен начин, преку овој експеримент вашето дете ќе научи за важноста на миењето раце.

Подготвил: Воспитувач – Теодора С. Петковска