News

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активноста: „Кому што му е потребно?“ – дидактичка игра со парни слики

Цел на активноста:

  • Да се поттикне самостојно да ги мие рацете, лицето, телото и забите, со минимална помош од возрасен;
  • Да се развива индивидуалниот пристап во обидите за решавање на проблемски ситуации;
  • Да се поттикне интересот за учење преку игра;

Потребен материјал: Вистински прибор за лична хигиена (четка за заби, паста за заби, сапун, чешел или четка за коса, крпа за раце, за лице, за тело), сликички со прибор за лична хигиена, ножички, печатач и хартија за печатење, списанија. Сликичките кои ви се приложени на крајот од текстот испечатете ги и исечете ги, за да можете заедно со детето да играте (манипулирате) со нив или најдете соодветни сликички од списанија.

Тек на аткивноста:

Старите луѓе кажале: „Хигиената е половина здравје“. Тоа е вистина.

А во денешно време (време на пандемија), хигиената е најважниот фактор за превенција, особено миењето на рацете. Секое дете треба да стекне навика кога, каде и како да ја одржува својата лична хигиена.

Пред детето поставете вистински прибор за лична хигиена (четка за заби, паста за заби, сапун, чешел или четка за коса, крпа за раце, за лице, за тело) и поттикнете го секој прибор да го покаже, именува и да ја каже неговата функција. Доколку некој од приборот не знае, објаснете му вие.

Играјте ја играта „Кому што му е потребно?“ со сликичките кои претходно ќе ги подготвите. Правило на играта е: секоја сличичка да се спари со друга соодветна сликичка (пр. сликичката со детето со бушава коса, треба да се спари со сликичката со чешел, или со сликичката со детето со исчешлана коса итн.).

Сликичките може да ги употребите во повеќе варијанти на игра: можете да ги групирате по функција, може да ги подредите по редослед, можете дури и да составите некоја поучна приказна.

Остатокот од денот поминете го во природа, играјте, уживајте и на крајот од денот употребете го практично приборот за хигиена.

Подготвил: Воспитувач – Билјана Гавриловска

ПРИЛОГ СО СЛИКИ ЗА ИГРАТА