News

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активноста: Како се прават меурчиња – Истражувачка игра

Цели на активноста:

-Да се поттикне детето самостојно да ги мие рацете
-Да се поттикнува самостојноста кај детето при изведување на едноставни истражувачки активности

Потребен материјал: сапун, пластичен сад, вода, сјај за садови, цевки…

Тек на активноста: Со детето поразговарајте колку е важна личната хиегиена за нашето здравје.  Дека треба редовно да се мијат рачињата со вода и сапунче, исто така  за да ни бидат забите бели и чисти, треба редовно да ги миеме со четка и паста за заби. Отидете во бањата и заедно измијте ги рацете темелно. Објаснете им ја постапката како правилно се мијат рачињата. Додека ги миете рацете, продолжете да разговарате дека вашите раце иако изгледаат чисти, тие се валкани. На нив има многу бактерии кои не можат да ги видат со нивните очиња. За миењето да биде позабавно, насочете им го вниманието кон меурчињата кои се прават од сапунот додека ги тријат рачињата. Откако ќе завршите со миење на рачињата, дозволете им на децата да бидат мали истражувачи. Подгответе им еден пластичен сад и побарајте од нив да ве слушаат и да ги следат вашите инструкции.

  1. Нека го наполнат пластичниот сад со вода (од чешма или од пластично шише да претурат во садот)
  2. Во водата да истурат мало количество од сјајот за садови (со ваша помош)
  3. Со помош на цевка нека дуваат во водата со сјај
  4. Нека уживаат во играта со меурчиња

За истражувачката игра да биде поинтересна за децата, можете во водата да ставите прехрамбени бои, така што меурчињата ќе бидат во разни бои.

Подготвила – Маријана Гиразова