News

Возрасна група: 4 – 6 години
Наслов на активноста: Воочување и именување на топка и коцка – Математичка игра

Цели на активноста:

-Развој на логичко мислење и развивање на способност за воочување и именување на предметите во околината

-Развој на снаодливост и сигурност, при воочување и именување на топка и коцка

Потребен материјал: предмети од околината (домот), природата и сл.

Тек на активноста:

Децата на оваа возраст се заинтересирани за воочување и именување на предметите од околината. За подобро и полесно да можат да ги именуваат по име и форма предметите, најдобро е да започнете со нивно воочување во околината – природата.

На почетокот започнете со две форми, односно со топка и коцка, така што при прошетка со детето забележуваме: сонце – топка, фудбал – топка, сообраќаен знак – коцка, исто така и во домот – маса – коцка, и сл.  Оставете го детето самостојно да ги воочува предметите и да ги именува. Поставете пред детето играчки со различни форми, поттикнете го да ги одвои само играчките (предметите) што имаат облик на топка и коцка и при тоа да ги именува.

Низ игра секојдневно, повторувајте за формите на предметите и на тој начин, децата ќе умеат на полесен и позабавен начин да ги воочуваат и именуваат формите.

Подготвил: Воспитувач – Александра Ѓоргиева