News

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активност: „Припаѓа – не припаѓа“

Цели на активноста:

– да се развива способноста за искористување на играта и игровните активности во функција на учење и откривање

– детето да се поттикнува да ја користи својата креативност во секодневните ситуации

– да се поттикнат и развиваат мисловните процеси (заклучување, помнење, лигичко поврзување)

– да се поттикнат способностите за воочување и идентификување на релациските врски на деловите од целината

Потребен материјал: средства за хигиена (сапун, четка за заби, гел за бањање, паста за заби и сл.), предмети од домот (дрвена лажица, играчка и сл.)

Тек на активноста:

Хигиената на рацете и телото во услови на пандемија, претставува еден од најважните сегменти за превенција и заштита на нашето здравје. Меѓутоа и покрај сите настојувања и укажувања, децата не секогаш со задоволство ги користат средствата за лична хигиена со изговор „Не сега“ „После ќе се измијам“ и сл. Во тој случај зошто обврската да не ја претвориме во забава и игра?

На прикладна површина ставете средства за лична хигиена (сапун, четка за заби, паста, гелови за бањање и сл.). Помеѓу нив ставете предмети кои не се користат за лична хигиена (дрвена лажица, некоја играчка и сл)

Поттикнете го детето на размислување, кои од предметите не припаѓаат на оваа целина. Нека ги именува средствата за хигиена и нека каже гласно секое средство за што служи, а потоа практично да го примени кажаното.

Додека детето се мие, вие можете да го охрабрите со пофалба и уште еднаш обрнете му внимание на придобивките од чистите раце и лице.

Подготвил: Воспитувач – Ружица Митровиќ