News

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активност: Моите рачиња – печатење со дланки

Цели на активноста:

– да се поттикне детето да ги користи дланките и прстите

– да се поттикне самостојноста во користењето на различен ликовен материјал и правилно миење на рацете

– развивање на фината моторика на раката, дланката, прстите и координација око-рака

Потребен материјал: темперни бои, бел лист, сунѓер и длабок сад за нанесување на темперните бои

Тек на активност:

Во ова време-невреме само одржување на хигиената и правилното и често миење на рацете со вода и сапун, ќе ве заштитат од ширење на заразни инфекции од секаков вид. За таа цел со вашите најмили, ќе ја реализирате следната активност„ Моите рачиња – печатење со дланки“.

Во длабок сад ја ставате темперната боја.  Потоа ја допирате дланката на детето, а истото можете да го направите со нанесување на бојата со сунѓерче, па на дланката на детето. Потоа со обоените рачиња на бел лист, креирате најразлични форми во најразлични бои (пр. во вид на срце, цвеќе, животни..), а потоа нека ги именува. Мотивирајте го и поттикнувајте ја интелектуалната креативност на детето, преку самостојно изнесување на своите идеи и учество во нивната реализација.

По завршување на активноста, повторно фокусот го ставате на валканите дланки и бојата што е на нив и истата ја компарираме со лошите бактерии – што би се случило доколку се допреме со извалканите раце на носот, устата, очите….Повторно објаснувате колку е важно често и правилно миење на рацете после секоја активност, прошетка, пред и после јадење. Здравјето и хигиената се поважни од било кога.

ЧИСТИ РАЧИЊА, ЗДРАВИ ДЕЧИЊА!

Подготвил: Воспитувач – Ана Пандиловска