News

Почитувани родители,

Ве известуваме дека од среда, 09.09.2020 год. градинката започнува со  воспитно-образовна работа и со згрижување на оние децата за кои родителите доставиле потвди од работа и потпишале изјави.

Ги потсетуваме родителите дека на денот на поаѓање во градинка задолжително треба да донесат нова лекарска потвда за здравствената состојба на детето, што согласно протоколите за работа на грдинките е услов за прием на децата во градинка.

Ги замолуваме сите родители да го почитуваат распоредот за носење и земање на децата од градинка за кој распоред вашите воспитувачки ќе ве известат во вашите групи. Овој принцип на прием и издавање на децата е пропишан со протоколите за работа на градинката.

ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“ Скопје