News

Наслов на активноста: „Разнобоен дожд“Истражувачка игра

Цели на активноста:

-Да се поттикне кај детето потребата, за користење на истражувањето како форма на учење

-Поттикнување на интерес кај детето, за откривање нови нешта како и користење на разни видови на информации

Потребни материјали: стаклена чаша, дрвено стапче, прехрамбена течна боја, растително масло, стаклен бокал, вода…

Тек на активноста

Летото  е период кога и се препуштаме на забавата, но исто така забавувајќи се, можеме да научиме нови интересни работи. Да почнеме!

Во висока стаклена чаша, ставете растително масло и во него капнете неколку капки течна прехрамбена боја. Измешајте енергично со дрвено стапче. Маслото и капките прехрамбена боја не се мешаат меѓусебно, формираат емулзија. Истурете ја мешавината, во поширок стаклен бокал со вода. Маслениот „облак“ ќе ослободи поплава од обоен „дожд“. Маслото и водата не се раствораат меѓусебно, така што течностите остануваат одвоени. Кога обоените капки ќе ја достигнат границата масло-вода, тие се ослободуваат во водата и дури тогаш ќе го видите обоениот „дожд“ и во убав сончев ден J.

Разговарајте со вашето дете, поттикнете го да прашува за нејасните работи. Зошто маслото и водата не се мешаат? Која течност е погуста?…

Ви посакувам пријатна забава!

Подготвил: Воспитувач – Ружица Митровиќ