News

Наслов на активноста: Забавен летен камп – Изработки од природни материјали

Цели на активноста:                                                                                                                                                                        

-Поттикнување на креативност и творечка фантазија

-Развивање и јакнење на фината моторика и сензорната перцепција

-Развивање на трпеливост ,истрајност и доследност во реализирање на активноста

-Негување на чувство на радост и задоволство од постигнатиот резултат

Потребен работен материјал: суви стапчиња, јаже, волница, врвци во различни бои, разновиден природен материјал.

Тек на активноста

Добродојдовте кампери и родители! Денес ќе Ви предложам интересна изработка од природен материјал. Ајде да почнеме да истражуваме во природата. За почеток, при вашата потрага треба да соберете стапчиња во дијаметар од 1 до 3см, а должината одберете ја во зависност од тоа колку голема сакате да биде вашата изработка. Заедно со детето врзете ги стапчињата, формирајќи коцка за да ја направите основата на вашата изработка. Влечете силно додека го врзувате јажето во пределот каде што се преклопуваат двете стпчиња. На крај заврзете силно.

Со ваквиот начин на изработка можете да направите различни форми, на пример – правоаголник, триаголник или како што ќе проработи детската фантазија. Помогнете му на детето да врзете парче од јаже (волница) на ќошевите и почнете да намотувате на краевите, за да ги спречите да излегуваат по стапчето. Бидете креативни со вашата изработка користејќи  врвци (јажиња) во различни бои, монистри или дозволете му на детето да ги избои  стапчињата во разни бои.

Време е детето да ја декорира вашата заедничка изработка. Појдете на кратко во природа, во вашиот двор или во паркот и соберете интересни ливчиња, цветчиња, семиња, разни шумски плодови (шишарки), гранчиња, пердуви од птици и сл. Покажете му на детето како да ги протне (ткае) природните материјали помеѓу затегнатите врвци (јажиња). Може да направите шема или детето да ги нареди по сопствена желба. Овие природни изработки изгледаат многу специјално, кога се крај прозорец.

Детето може да декорира и кога ќе посака или по следната прошетка во природа во секое годишно време.

Природата е богатство кое треба да се чува!

Подготвил: Воспитувач – Леонора Танова