News

Наслов на активноста: Боите од природата – Истражувачка игра

Цели на активноста:

-децата да учат и откриваат нови работи;

-решавање на проблемски елементарни исражувачки ситуации;

-развивање на способност за перципирање и разликување бои;

-децата учат да прават претпоставки, да анализираат факти или појави,  да прават мали откритија;

Тек на активноста

Направете бои од природни плодови. Земете цвекло, морков и спанаќ. Поставете ги плодовите во посебни садови. Морковот изрендајте го ситно. Повторете го истото и со цвеклото и спанаќот – ситно исечкајте ги. Потоа секој плод, со помош на газа или платнено марамче – исцедете го во садот. Капките од добиените сокови, ги ставаме на лист хартија, ги дуваме со помош на сламка, со кои ќе добиеме разни форми. Кои форми ги добивте? Дуваj, истражувај. Какви шарки можеш да направиш со малите капки?

Подготвил: Воспитувач – Сузана Чурлинова