News

Наслов на активноста: Детето во светот на манипулативните игри и активности
Цели на активноста:
-Зајакнување на фината моторика и мускулатура;
-Развивање на прецизноста, трпеливоста, истрајноста и доследноста во реализација на задачите;
-Негување на креативноста и усвојување на боите низ манупулирање со ситни и лесни материјали.
Потребен материјал: дрвени топчиња, монистра, тестенини (макарони) во најразлична форма, пластични садови, четки, темперни бои, лак за нокти, туш во боја, вода, конец, врвка, жица, зрнести плодови (грав, грашак)…
Тек на активноста
1.Нижење на големи кугли или обоени тестенини на конец или жица:
Децата слободно или по одреден или зададен пример, треба да нанижат дрвени топчиња или монистра или обоени тестенини (макарони) и така ќе креираат нараквица, ланче, или ќе украсуваат други предмети, добиени во низата. Активноста може да биде и посложена во зависност од возраста на децата: нижење неколку парчиња тестенини (според бојата и формата); нижење три исти форми по боја, а потоа неколку по форма; нижење неколку црвени, а потоа неколку парчиња тестенини во зелена боја; броење на нанижаните форми итн.

Можете сите обоени тестенини да ги измешаме во поголем сад, а потоа детето да го замолите тестенините според бојата да ги групира во пластичен сад, по тој критериум им одговара.

Препорака: Тестенините најдобро е да ги обоите така што ќе ги ставите во пластичен сад и преку нив ќе истурите темперна боја, а потоа ќе додадете вода и ќе мешате со широка четка. Потоа тестенините ќе ги извадите од садот на хартија за да се исушат.
2.Нижење обоени мешункасти плодови (грав, грашак)
Оваа активност е слична на претходните, така што ќе треба еден ден претходно зрната да ги потопите во вода, која е претходно обоена со туш во боја и така ќе се добијат разнобојни зрна. Зрната кои ќе набабрат од водата ќе станат поголеми и полесно ќе може да се работи со нив. Вие родителите ќе можете полесно да направите дупки со дебела игла. низ кои подоцна децата ќе можат да провлечат конец.
Се надевам дека со овие активности, ќе го задржите вниманието на вашите дечиња, а воедно ќе реализирате и интересни креации.
Во прилог ви доставувам линк за тоа како да ги обоите тестенините: https://pin.it/5Ua89v0

Подготвил: Воспитувач – Оливера Ѓоревска