News

Наслов на активноста: Креативно изразување со боја – Истражувачкa игрa

Цел на активноста:

1.Развивање на љубопитноста кај детето;

2.Развивање на способноста за перцепирање и разликување на боите;

3.Развивање на способноста на креативно изразување со боја;

Потребен материјал:  хамер, темперни бои, неколку длабоки садови со тркалезна форма, лажица, 3 – 4 џамлии.

Тек на ативноста

Креативното изразување со боја, може да се реализира интересно преку следнава активност:

На дното од  тркалезниот сад ставаме подебела хартија – хамер која ја сечеме во иста димензија за да одговара и соодветно да се поклопува со димензиите на садот. Во неколку различни садови, ставаме боја и во неа ги потопуваме џамлиите. Потоа со лажичка се вадат џамлиите и ги ставаме во садот со хартија. Детето го зема садот во раце и прави различни движења со него: напред, назад, лево, десно.

Детето може да увиди дека, џамлиите оставаат траги во различни  бои и облици. Оваа игра кај децата развива – креативно изразување и ликовна љубопитност. Со оваа техника на боење, особено помалите деца –  експериментираат  и откриваат  бои и нови облици.

Забавувајте се, играјќи си со џамлии.

 

Подготвил: Воспитувач – Ана Пандиловска