News

Наслов на активноста: Кое каде припаѓа – Логичко – математичка игра

Цели на активноста:
-Поттикнување и усовршување на способноста за класификација и серијација според одредени критериуми
-Охрабрување и поттикнување на истрајноста и фокусираноста во играта
-Усовршување на способноста за помнење и развивање на фото – меморијата
-Збогатување на речникот на детето и поттикнување на  употреба на јасни и целосни реченици
Потребен материјал: хамер, хартија, боички…

Тек на активноста
За оваа активност ќе биде потребно, заедно со вашето дете да изработите мемориски – збирни картички. Знам, ќе кажете дека веќе ги имате во некој облик, но самиот процес на изработка е важен за развивање на креативноста кај детето и будење на интересот за создавање на сопствена игра. Одберете заеднички теми, на кои ќе одговараат картите (пр. превозни средства, овошје, лето, броеви). На еднакви делови од хамерот – детето нека нацрта предмети, кои ќе асоцираат на темата, притоа цртајќи по два исти. Направете барем две тематски покриени групи на карти, за да играта биде интересна.. И кога картите се готови, забавата може да почне. Имате многу различни варијанти на оваа игра:

1.Класична игра меморија, каде детето ќе одвојува исти предмети, меморирајќи ја нивната положба.
2.Групирање по тема и формирање множества по различна основа
3.Што гледам – што е тоа? – влечење на карти и опишување на предметот од сликата
4.Мешање на сите тематски карти и поттикнување на детето, самостојно да ги групира по друга тематска основа (боја, форма)
И уште мноогу други игри, кои вашата фантазија може да ги поттикне..

Подготвил: Воспитувач – Билјана Пушкин