News

Наслов на активноста: „Печатење, сликање со различни материјали” – Истражувачки игри

Цел на активноста:

-Децата се стекнуваат со вештини, во новите уметнички техники што бараат поголема прецизност или координација на очите и зајакнување на способноста на перцептивно пребарување и анализа на активностите кои влијаат на развојот на фини моторни вештини, вештината за визуелно препознавање на предметите преку отпечаток, како и поттикнување на креативноста.

Потребен материјал: темперни бои, плутани тапи, материјали за рециклирање, тегла, хартија, сунѓер…

Тек на активноста:

Детето има слобода да избере предмети од секојдневниот живот или природа (пластични чаши и шишиња, монети, балони, плутени тапи, гранчиња, лисја, материјали за рециклирање итн.) со кои детето ќе направи отпечатоци на хартија. Предметите можат да бидат натопени од едната страна во понудената боја на палетата на бои, во плиток пластичен сад со боја, темпера или туш. Може да се натопи на влажен сунѓер, преклопена и натопена салфетка за хартија – на која ќе се притисне избраниот предмет, чиј отпечаток сакате да го направите на хартијата. После ова истражување и добиени отпечатоци од понудени производи – на децата може да им се прикажат отпечатоците и од нив да го пронајдат (од претходно формирана колекција) предметот со кој е направен таков отпечаток и да го повторат. На тој начин, влијаеме кај детето врз подобрувањето на вештините за решавање проблеми и критичко размислување, заради селекција и донесување одлуки помеѓу понудените субјекти.

Отпечаток може да се добие со цртање на различни начини, со подлоги за бавно сушење, како на стаклена тегла, шише, пластична или алуминиумска фолија итн. така што лесно ќе се притисне белата хартија на која ќе остане отпечаток за печатење. Најдобро е бојата да биде во средна густина (како јогурт). Сунѓерот се потопува во бојата, заради сликање или печатење.

Истражувајте, осознавајте…

Подготвил: Воспитувач – Александра Ѓоргиева