News

Наслов на активноста: Истражувачка активност: „Како растението пие вода“

Цели на активноста:

* Поттикнување интерес кај детето за откривање нови нешта , како и користење на разни  видови на информации

* Да се поддржува детето во настојувањето да изведува посложени задачи и да истрајува во истите

* Да се поттикне потребата за користење на истражувањето како форма на учење

Потребен материјал: четири помали теглички или стаклени чаши, темпери бои по избор, вода, цветови во бела боја

Тек на активноста        

Преку оваа активност детето ќе добие сознание за растенијата, што е потребно за нивниот опстанок, а најважно како тие ја апсорбираат водата. На почетокот на активноста, објаснете му на детето дека како и секое живо битие на земјат, така и растенијата за да опстојат, мора да се хранат и да пијат вода Животните преку устата ја внесуваат храната, а растенијата  немаат уста. Поттикнете го детето самостојно да ви даде одговор – со што растенијата пијат и се хранат, така ќе го поттикнете на логичко размислување и фантазија. Објаснете му на детето дека, секое растение водата и храната ја впива преку коренот, а потоа преку спроводни цевчиња се разнесува низ целото растение (стебло, гранки, цветови и листови).

За да го доловите овој момент визуелно, при што детето ќе може практично да види дека растението навистина пие вода, заеднички направете го следниов експеримент: Земете празни стаклени теглички или чаши  и наполнете ги до половина со вода, потоа одберете боја со вашето дете (сина, црвена…) растворете во водата и ставете во секоја чаша по еден цвет во бела боја (каранфил, маргаритка, ружа…) и набљудувајте што ќе се случи. Учете го вашето дете на трпение и истрајност,  додека  набљудува и истражува. После неколку часови ќе забележите дека, цветовите се обоени во таква боја, каква што е што е бојата на водата во чашите. Со тоа детето ќе увиди дека водата преку тенките цевчиња навистина се пренесува по цветот.

Пријатна забава. Во прилог ви доставувам линк,  како пример од овој експеримент – https://pin.it/FOImfHA

 

Подготвил: Воспитувач – Анкица Поповска