News

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста: „Сувоземен сообраќај (крстосница, пешачки премин, сообраќајни средства, семафор, тротоар)Говорна игра

Цели на активноста:

-Да се развива способноста за слушање и разбирање на говорниот јазик;

-Да се развива способноста за комуникациски вештини;

-Да се развива способноста за стекнување и користење на нови информации;

-Да се поттикне детето кон развивање на сообраќајна култура, се со цел запознавање на разни сообраќајни средства, знаци, правила и безбедност;

-Да се развива потребата од поставување на прашања, со цел да се добие објаснување за нештата што не се јасни.

Потребен материјал:детски списанија, интернет, сликовници, енциклопедии, блиската околина, улица, колаж хартија, ножици, фломастери…

Тек на активноста:

Преку разгледување на сликовници, списанија или пак некоја апликација, на која е претставен сувоземен сообраќај, поттикнете го детето да разговара на таа тема – да набројува што гледа на истата (на пример: семафор, пешачки премин, крстосница, сообраќајни средства, тротоар…). Потоа објаснете му да детето дека, на крстосницата секој треба да го знае редот и да ги почитува правилата. И возачот и пешакот треба да знаат како да се движат и кога да ја поминуваат улицата. За да не се прават грешки, тука е сообраќајното средство – СЕМАФОР, кој постојано будно се следи и своите бои за предупредување ги реди. Црвеното не предупредува да ЗАСТАНЕМЕ – СТОЈ и тогаш пешаците преку пешачкиот премин минуваат слободно зашто за нив светлото е ЗЕЛЕНО. Кога ќе светне жолто, треба да се ПОДГОТВИМЕ, за да тргнеме, додека зеленото светло, значи ВОЗИ.

По улиците СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ стојат за да не поттсетуваат, информираат, но и да не предупредуваат и најважно од се, за децата НИКОГАШ да не си играат блиску до улицата. Децата секогаш треба да се движат по ТРОТОАР и ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ, а на улица со возрасни за рака да поминуваат и по ПЕШАЧКИ ПРЕМИН да ја преминуваат.

Доколку сте во можност, можете да излезете со детето и до блиската крстосница или улица, каде што ќе можете заедно да набљудувате и да опишувате што се сте забележале. На крајот можете да реализирате и неколку едноставни задачи, каде што ќе го поттикнете детето логички да размислува, но и да креира.

Подготвил: Воспитувач – Оливера Ѓоревска