News

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста: “Сообраќаен бонтон” – Насочен разговор

Цели на активноста:

-Поттикнување на свесноста и одговорноста при учество во сообраќај

-Запознавање со основните бонтон правила при учество во сообраќајот

-Поттикнување  на способноста за користење на својата креативност во  различни ситуации

-Поттикнување за искажување на своите идеи на повеќе начини

-Развивање на креативноста и користење на фантазијата при совладување на нови знаења преку игра

Потребен материјали: сликовници, играчки, најразлични предмети, столчиња, ликовен материјал

Тек на активност

Започнете разговор со вашето дете за сообраќајот и сите учесници во него.. Отворете некоја сликовница или списание со тема за сообраќај и поттикнете го детето да ви ги наброи учесниците во сообраќајот.. Разговарајте и за нивните улоги во сообраќајот и одговорности. Посочете му, како треба да се однесуваме и кои се основните бонтон  правила во сообраќајот..

Во продолжение, користејќи најразлични предмети од домот, одберете и направете неколку ситуации кои ќе го доловат сообраќајот.. На пример, направете крстосница и пешачки премин.. Користете ја фантазијата и разбудете ја креативноста на вашето дете, при избор на реквизитите. Заиграјте се и почитувајте ги бонтон правилата, за поминување на пешачкиот премин, следењето на семафорот, помагањето на постарите.. Потоа можете да импровизирате автобус, користејќи ги вашите столови од трпезаријата. Оставете го детето да направи билети и повторно започнете ја играта, овој пат бонтон во автобус..

Ослободете ја имагинацијата и оставете го вашето дете да ве води, а вие само поттикнете го да ги согледа и каже сите правила на убаво однесување во сообраќајот..

 

Подготвил: Воспитувач – Билјана Пушкин