News

До
Ј.У Детски градинки-Скопје

Почитувани,

ЈУ Детски културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално има во план, но на поинаков начин, да ја организира манифестацијата „Цртање на асфалт“ по повод  24 мај, денот на македонските просветители Св.Кирил и Методиј.

Поради ситуацијата во која се наоѓа нашиот град Скопје и државата, решивме манифестацијата, доколку сте во можност да ја одржиме преку испраќање на цртежи или кратки видеа , на нашата елетронска пошта dkckarpos1@gmail.com

Ви се обраќаме со молба доколку сте во контакт со децата од градинките ( со децата од поголемите групи), да ги замолите за да ја одржиме успешно оваа манифестација како и изминатите години, да нацртаат убави, весели и креативни цртежи по слободен избор или пак на тема која вам ви одговара и со нивните творби како и досега да ја изразат својата креативност и фантазија. Доколку сакаат и имаат дозвола од своите родители може и да снимаат кратко видео, но тоа ви го оставаме вам како институција, во зависност на вашите правила и можности.

Цртежите може да бидат нацртани надвор на плочник (со креди), во двор, на хартија или на други места кои им се достапни, односно на места кои им одговараат ним и на нивните родители. Како и секоја година градинките кои ќе учествуваат ќе добијат благодарници за учество, кои ќе ги изработиме ние и ќе ви ги испратиме на вашата електронска пошта.

Творбите што ќе ви ги испратат би било добро да ни пристигнат до 21,22 мај за да можеме убаво да ги средиме и поставиме на нашите ФБ и ВЕБ страни. Доколку имате некои прашања, слободно можете да ни пишете на dkckarpos1@gmail.com или да се јавите на 075 291 665 Ирина Костовска.

Ви благодариме на соработката

Со почит,

Директор
д-р Билјана Лалчевска Серафимовска