News

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста: Забавна математика – Цело, половина и делови од цело

Цел на активноста:

  • Да развива способности за воочување и идентификување на деловите од целината;
  • Препознавање и именување на цело, половина и делови од цело;
  • Оспособување за откривање и користење на различни можности за решавање на проблемски ситуации;
  • Запознавање со различни постапки за проценување и логичност во проценката.

Потребен материјал: Свежи плодови, пластични чинии за една употреба, пластелин, нож, ножици, самолеплива хартија во боја, листови за цртање, боички, предмети и сл.

Тек на активноста: Прочитајте му ја приказната на детето, покажувајќи му ги сликите и заедно прераскажете ја или самостојно нека ја прераскаже:

Потоа, пред него претставете едно  цело јаболко, едно пресечено јаболко на половина, едно пресечено јаболко на повеќе делови и објаснете му на детето што е цело, половина и делови од цело, именувајте ги.

Мотивирајте го детето, самостојно да одбере што ќе претстави како цело, а што како половина или делови од цело. Претставете му различни примери, за тоа да ги препознае и именува. Поттикнете го да ја истражува околината и да идентификува цело, половина и делови од цело.

Зададете му задачи на детето, каде тоа ќе ги претстави, поврзе деловите од цело, половина и цело, доцрта, состави, раздели на делови, или да ги броите деловите кои претставуваат целина, како на пример:

Откако детето, ќе ги заврши зададените задачи, направете заедничкa пица и нека ја исече на толку делови колку што сте во домот. Пријатен апетит! J

Подготвил: Воспитувач – Билјана Гавриловска