News

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активност: „Семафор-другар мој“ – Насочен разговор и манипулативна игра

Цел на активноста:

да се создадат основни претстави од областа на сообраќајната култура и современата техника и технологија на комуникација

-да се поттикне интерес кон истражување, манипулирање и користење на различни ликовни средства и материјали

Потребен материјал: сообраќајна енциклопедија, рециклирачки материјали (пластично или тетрапак шише), колаж хартија, лепило за хартија, ножици

Тек на активноста:

Започнете разговор со вашето дете преку кратки прашања – „Што мислиш, кој го регулира сообраќајот на крстосницата“?, „Како ќе знаеме кога е безбедно да ја преминеме улицата“? а потоа објаснете му на детето дека семафорот е сообраќајно средство кое им служи на пешаците и возачите правилно да се движат во сообраќајот. Заедно опишете го семафорот – колку светла има, кои се боите на светлата и која боја на што ни укажува. Можете да му предложите на детето прошетка до најблиската крстосница, каде ќе може да го набљудува семафорот и неговата функција.

Потоа дома заедно изработете макета на семафор за која може да искористите рециклирачки материјал и колаж хартија. Поттикнете го детето самостојно правилно да ги подреди боите на семафорот, притоа гласно кажувајќи за секоја боја што сигнализира.

 

Подготвил: Воспитувач – Ружица Митровиќ