News

Возраст на група: 4 – 6 години

Наслов на активноста: Лековити растенија – видовиРазговор

Цел на активноста:

-Оспособување на детето за фокусирано набљудување;

-Осознавање на изгледот и деловите на растенијата – билките (корен, стебло, гранка, лист, пупка, цвет, плод);

-Запознавање видови лековити билки и со условите и местото за раст и развој на билките;

-Оспособување за самостостојно избирање;

-Поттикнување и негување на креативноста и фантазијата.

Потребен материјал: Природни лековити билки, ракавици за една употреба, ножици, блок за цртање, темперни бои, четки за сликање, тутурутка од тоалетна хартија, глинамол, сукало, пластелин итн.

Тек на активноста

На почеток, покажете му, објаснете му и опишете му на детето – што се растенија, какви растенија има, што се билки, како изгледат, каде растат, кои се лековити билки, кои билки ги користиме ние луѓето и за што.

Потоа, заедно со детето излезете и прошетајте во некоја блиска ливада или планина и почнете да истражувате, откривајте, препознавајте какви лековити билки има кај нас. Истовремено може да собирате билки, од  кои подоцна, секојдневно ќе приготвувате чај со детето. Додека го приготвувате чајот од билки, предложете му на детето да раскаже што знае за конкретната билка од чајот. Играјте заедно „Аптека“ или „Продавница за чаеви“.

Може заедно да засадите некоја лековита билка во саксија или во двор.

Поттикнете го детето да наслика, изработи или печати некоја билка. Може да користите различни материјали и техники.

И за крај еден мал совет: Кога собирате билки, сечете ги со нож или ножици. Немојте да ги кинете и корнете со корен… За истите повторно да пораснат и да ни подарат здравје! J

 

Подготвил: Воспитувач – Билјана Гавриловска