News

Музика – видеа БУМБАРОВ ЛЕТ

Цели:

-Развивање на детските можности, преку музика и доживување, да ги осознаат своите чувства

-Слушање, подржување и препознавање на звуци на инсекти во природата

-Подржување и развивање на сетилните искуства на детето

-Оспособување на детето, со интерес и внимание да реагира при слушање на одбрани музички содржини

-Развивање и негување на љубов кон музиката

Почитувани родители,

Музиката во детскиот живот внесува радост, опуштеност и воодушевување. Музиката им помага на децата да се развиваат, да го разберат светот кој ги опкружува, но и да ги искажат своите лични искуства. Меѓутоа нејзината образовна улога е уште поважна, со оглед на тоа дека, поттикнувачки дејствува врз севкупниот развој на детето.

Музиката и музичкото воспитување, се дел од програмата на нашата установа, преку која сакаме да ги оспособиме и да ги поттикнеме децата, уште од најмала возраст соодветно да реагираат – слушајќи убава музика и прилагодени музички содржини, а секако да ги охрабруваме да учествуваат и да бидат дел од секојдневните музички игри.

Пред се, наша појдовна цел е кај децата да развиеме  истрајност и љубопитност при следење на музичките содржини,  доживување и изразување  на истите на нивни детски начин.  Наша основна задача е кај децата да го развиеме музичкиот слух, ритам за музика и секако, пред се – негување на љубов кон музиката.

Следејќи ги видеата – Бумбаров лет, на познатиот композитор Римски Корсаков, децата ќе имаат можност – преку прекрасната симфонија, да ја доживеат природата и нејзините убавини,  да се запознаат со богатството на бои и цвеќиња кои ја красат пролетта, звукот на инсектите… Драги родители, при тоа не заборавајте, да поведете разговор со детето – именувајте бои, цвеќиња, восприемајте ги звуците и секако ако е детето малку поголемо, поттикнете го и охрабрете го, самостојно да се обиде да ви раскажува – што гледа, што чувствува додека го следи видеото…

Почитувани, поминувајте повеќе време со Вашите деца, слушајќи убава музика, разговарајте, дружете се, учете и уживајте во заедничките моменти…