News

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активноста: Обработка на стихотворба – ,,Пролетни цвеќиња“

Цели на активноста:

-Запознавање со содржината на стихотворбата;

-Збогатување на речникот со нови зборови;

-Развивање способност за слушање и разбирање на значењето на изговорените зборови

Потребен материјал: природата во вашиот видокруг, природни цвеќиња, бел лист, боички

Тек на активноста

Повикајте го вашето дете на балконот или во дворот каде имате најубав поглед и започнете разговор за годишните времиња… Зборувајте за сонцето, расцветаните дрвја, птиците, инсектите, цвеќињата, именувајте ги, допрете ги, мириснете ги – едноставно анализирајте. Дојдете до заклучок дека, пролетта изобилува со бои и мириси кои ни ги дава природата. Во продолжение запознајте го детето со содржината на стихотворбата:

,,Пролетни цвеќиња“
 
Во градината наша
 многу цвеќиња има,
 и тоа напролет
 кога не е веќе зима.
 
Зумбулчиња и лалиња,
како сонце жолти нарциси,
темјанушки мали,
рози и бели кали.

Потоа анализирајте ја содржината, а доколку има непознати зборови објаснете му ги на детето, а потоа повторете ја заедно неколку пати во текот на денот и неделата. На крајот дајте му на детето бел лист, на кои ќе треба со боички да ги доцрта тревата и цвеќињата во ливадата, кои претходно вие сте ги започнале.

Подготвил: Воспитувач – Теодора.С.Петковска