News

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активност: Гаѓање во одредена цел, со топки од хартија” ‒ Подвижни игри

Цел на активноста:

Да се поттикне развојот на координацијата и силата на ектремитетите

-Да се поттикне развојот на мускулатурата на целото тело

-Да се поттикне снаодливоста, брзината, истрајноста и ориентацијата во просторот

-Да се развие вештината за движење на прстите и дланките за конкретна цел

Потребен материјал: хартија во различна боја и корпи

Тек на активност

Во деновите на самоизолација добро би било децата да имаат физичка активност. Активноста ја започнуваме со загревање на телото односно правење на вежби.

  1. Кружење со глава (лево – десно)
  2. Кружење со рамената
  3. Наклони / Отклони (лево – десно)
  4. Истегнување на мускулите на нозете

За полесна реализација на наведените вежби, би било добро да се вклучат и родителите. Со помош на родителот детето ќе добие правилни насоки успешно да ја изврши вежбата. Откако детето ќе заврши со вежбите за истегнување почнувате со активноста која што Ви е зададена.

За оваа активност потребни ни се: хартија во различни бои, која треба да ја стуткате во форма на топка и корпи во различни бои кои што сами може да ги изработите. Корпите од хартија ќе служат како кош (односно цел, која што детето ќе треба да ја погоди со стутканата хартија во боја)

Со цел детето и мисловно да се вклучи, ќе треба да ја препознае и именува бојата на хартијата и да ја внесе во корпата со иста боја пр: жолтата хартија да ја погоди целта од  жолтиот кош.

Секако и родителите можат да учествуваат во оваа игра. Можете и да формирате екипа и да направите меѓусебен натпревар. Играта ќе трае се додека постои интерес кај децата. За успешно завршената активност, детето ќе биде наградено со една спортска кеса со пуканки.

Подготвил: Воспитувач – Ана Пандиловска