News

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста: Планетата треба да ја чуваме” – Разговор

Цели на активноста:

  • Воочување на убавините на природата и околината и негување љубов кон неа;
  • Согледување на влијанието на човекот кон природата;
  • Воочување на позитивните и негативните промени кои настануваат како резултат на човековото делување;
  • Поттикнување на грижлив и економичен однос на материјалните вредности (рационално користење на храната, чистата вода, струјата, материјалите за активности);
  • Поттикнување на еколошката свест и прифаќањето на екологијата како дел од современиот начин на живеење.

 

Потребен материјал: листови за сликање, ликовен материјал по желба на детето (фломастери, дрвени или восочни боички, водени бои), природно цвеќе, алатка за садење цвеќе, ракавици за една употреба, корпа или вреќа за отпадоци.

Тек на активноста

На почеток, објаснете му на детето – Што е Екологија? – наука за чиста животна средина. Користете ги фотографиите подолу, за полесно да сфати. Поттикнете го детето самостојно да размислува, да истражува и да открие некои начини за грижа и заштита на нашата планета Земја. Може да го насочите да наслика загадена и чиста животна средина. Во текот на денот заедно засадете некое цвеќенце во саксија или во двор, прошетајте во природа и доколку има отпадоци на земја, соберете ги во корпа за отпадоци, а исто така може и да ја меморирате стихотворбата.

Подготвил: Воспитувач – Билјана Гавриловска