News

Возрасна група: 2 – 4 години

Наслов на активноста: „Нашата цветна градина“- Ликовна игра

Цели на ативноста:

-слика со водени бои, меша бои и слободно ликовно се изразува

-разликува црвена, жолта, сина и зелена боја

-учествува на различни начини на ликовно изразување

Потребен материјал: лист од блок, темперни бои, четка за сликање, пластични тацни, пластични вилушки

Тек на ативноста

Пролетта е најубавото годишно време. Во пролет целата природа се буди, дрвјата се раззеленуваат, птиците преселници се враќаат од југ, инсектите го започнуваат својот танц, ливадите и градините се преполни со разнобојни цвеќиња. Разговарајте со своето дете за карактеристиките на ова прекрасно годишно време, поттикнете го да се потсети и да каже какви бои ги красат цвеќињата во пролет, која боја му е омилена и сл. Предложете му лиовна игра низ која детето ќе ја наслика својата најубава цветна градина. На неколку пластични тацни ставете темперни бои што ќе ги одбере детето. Во следниот чекор на лист од блок поттикнете го детето со четка и зелена боја да наслика трева и стебленца за цветовите, а потоа за цветовите употребете пластична вилушка, која детето прво ке ја натопи во темперната боја што предходно ја подготвивте, а потоа ќе стави печат со истата врз стебленцата што ги наслика. Охрабрете го детето самостојно да работи и поттикнете го да ја именува бојата што ја користи.

Активноста можете да ја надополните со садење цвеќе во вашата градина или во саксија на вашата тераса и објаснете му на детето што им е потребно на цвеќињата да растат и да цветаат.

Подотвил: Воспитувач – Ружица Митровиќ