News

Возрасна група: 4 – 6 години
Наслов на активноста: „Да ја запознаеме нашата Планета Земја“ – Разговор по енциклопедија
Цели на активноста:
-Проширување на детското сознајно искуство за  Планетата Земја по енциклопедија или мултимедијални средства
-Поттикнување на ликовното творештво и умешноста во ликовното творење со различени видови ликовен материјал
Потребен материјал: детска енциклопедија, интернет, сликовници, балон, темперни бои, четки за сликање, листови хартија, глобус
Тек на активноста:
За воведување на детето, во оваа говорна игра за запознавање на Планетата Земја, може да користите детска енциклопедија, списанија, интернет и сл. На тој начин детето ќе дознае многу повеќе за нашата Планета Земја, земјата на која живееме ние, што се се наоѓа на неа и секоја боја што означува (континенти, држави, планини, океани, мориња, езера, реки…) За да може да види како изгледа Планетата Земја користете глобус доколку го имате, а можете и да го изработите заедно со вашето детето на тој начин што ќе го направите следното: ќе надувате балон, на неколку листа хартија А4 формат кои ќе бидат поставени на масата, ќе нанесете темперни бои (на секој лист различна боја зелена, сина, жолта), а потоа детето ќе го тркала балонот низ листовите со што крајниот резултат треба да наликува на глобус на Планетата Земја.

Подготвил: Воспитувач – Александра Ѓоргиева