News

Возрасна група: 4 – 6 години
Наслов на активноста – Велигден низ стихови

Цели на активноста:
-Да се воведува детето во правилно и разбирливо говорење, со умерена јачина и темпо на гласот ;
-Да се поттикнува кажувањето стихови напамет ;
-Да се поттикнува детската инвентивност, креативност, фантазија во користењето на ликовниот материјал и други манипулативни средства ;

Потребен материјал: текст на стихотворба, ликовен материјал, картонска кутија за јајца

Тек на активноста

Најнапред ќе ги запознаете децата со текстот на стихотворбата, на тој начин што ќе ја прочитате неколку пати изразно, со правилна дикција. Потоа ќе ја објасните содржината на истата и секако зборовите,  кои се нови и непознати. Веднаш потоа пристапувате кон изучување на текстот. Постапно, спонтано, стих по стих, со неколку повторувања се до совладување на истиот, при што детето ќе умее индивидуално да ја рецитира. ПОФАЛЕТЕ ги децата и како награда и мотив за успешно сработената задача,  инспириратје ги Вашите и Наши Најмили креативци да импровизираат и декорираат, секако со Ваша поддршка. Идејата е следна – да ги поттикнете и мотивирате да изработат  –  украсна корпа за јајца, по повод најголемиот Христијански Празник Велигден, а воедно да ја наполнат истата со импровизирани јајца од хартија. Веќе исцртаните јајца ќе ги бојат, ќе цртаат на нив, предводени од нивната испирација, потоа ќе ги исечат и вметнат во Веќе подготвената корпа за јајца.

Во прилог Ви го праќам текстот на стихотворбата, разгледајте ги фотографиите што следат во продолжение, за идејата да биде визуелно  појасна.

Ви посакувам убави празници, Бидете одговорни и трпеливи, креирајте,  творете, забавувајте се и се гледаме наскоро.

 

ВЕЛИГДЕН

Го чекаме Велигден,
со срце, со душа,
велигденска песна
секаде се слуша.

Јајцата бојосани
блескаат ко свила,
а детската радост
секому е мила.

Ќе направи мама,
колачиња разни
Велигден е најголем
Христијански празник.

Десет јајца скршив
ширам весел ѕвон,
за кршење јајца
јас сум шампион.

Подготвил: Воспитувач – Јасмина Трпчевска