News

Возрасна група: 4 – 6 години

Наслов на активноста – Моите вредни рачиња

Цели на активноста:

-Развивање на фината мускулатура на дланките и прстите

-Откривање на различни ликовни можности на материјалите и нивното употребување на повеќе начини, како и слобода на комбинирање на ликовните техники

-Поттикнување на весело и ведро расположение кај децата

Потребен материјал: хартија во боја, ножички, боички, салфетка, прозирна фолија за документи,  два бели листа А4 формат.

Тек на активноста

Поминете го времето со вашите мали дечиња, така што ќе ги мотивирате секој ден да научат нешто ново. Помогнете му на малиот уметник да ја открие и развие својата креативна страна. Заедно декорирајте велигденски јајца.

-Прва декорација: Со ножички исечете еден голем рамностран триаголник од хартија во боја, го виткате на двата крака и го лепите. Со тоа формирате кутија за јајцето – додавате крилца, очиња и кикришка.

-Втора декорација: Ќе исечете мали ленти од хартија во боја, кои на крајот ќе ги заврзете со машничка или ластиче.

-Трета декорација: Ќе свиткате слафетка како ладило во средината и ќе го поставите велигденското јајце. Со врзување на машничка на краевите на салфетката, ќе добиете ушиња на зајче. Потоа ќе нацртате очиња, нос и уста на јајцето.

„Да го обиме јајцето без боја“

На бел лист А4 формат, ќе нацртате и обоите јајце. Ќе го ставите нацртаниот лист во фолијата на горниот дел од фолијата и ќе ги повторите контурите и фомите на јајцето. Ставате бел празен лист над обоениот лист во фолијата. Со повлекување на белиот лист ги добивате боите, украсите и формите на јајцето во боја.

Подготвил:  Воспитувач – Сузана  Чурлинова